Голем дел од настраданите во несреќата се од скопско Студеничани

1 min read

Во Општина Студеничани неизмерна тага и болка по нивните сограѓани кои загинаа во страотната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија.

Меѓу 46-те жртви во пожарот кој го зафати автобусот, неофицијално најмалку 20, а можеби и повеќе се од територијата на оваа општина, пренесуваат медиумите. 

-Според неофицијални информации непотврдени од релевантни извори над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови да ја опишеме оваа трагедија, без разлика што дел од жртвите се од Студеничани, вели Нухиу за Слободен печат.

Тој потврди дека меѓу загинатите е учителка од Основното училиште Наим Фрашери заедно со својата малолетна ќерка, а Општината во несреќата го загуби и матичарот, вработен во Управата за водење матични книги при Подрачната единица на Министерството за правда, кој на екскурзија во Истанбул патувал со својата сопруга.

-Дел од роднините на загинатите се упатија кон местото на несреќата во Бугарија, додека другите се пред просториите на агенцијата. Очекуваме информации од надлежните за целиот случај, изјави Нухиу.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Сега е вистинското време: Свежата зелка штити од рак, а варената ја ублажува нервозата

Следно

ВИДЕО | Силна експлозија во фабрика за оружје во Белград, загинаа двајца работници

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian