Германија задолжително ќе ја вакцинира армијата против ковид-19

1 min read

Германската војска се очекува „наскоро” да воведе задолжителни вакцини против коронавирус за своите припадници, изјави денеска портпарол на Министерството за одбрана, додека земјата се бори со претстојниот четврти бран на пандемијата.

Претставници на Министерството и на армискиот персонал се согласија за време на вчерашните разговори да ја „вклучат вакцината против коронавирус” во списокот на вакцини кои се неопходни за војниците, изјави портпаролот на министерството.

– Иако одредбата сè уште не е официјално потврдена, наскоро се очекува нејзина имплементација, додаде портпаролот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасувачи со дрон трагаат по можни жртви во експлозијата во фабриката близу Белград

Следно

ВИДЕО: Затворска казна за навивачот кој со шише го погоди Паје во главата!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian