„Да се биде или не“ за Барса и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

2 mins read

Во вторник и среда ќе се игра претпоследното коло од во Лигата на шампионите и многу екипи „ловат“ клучни бодови во борбата за пласман во нокаут-фазата.

Ни претстојат осум натпревари кои традиционално се играат во два термини. Во групите „Ф“ и „Г“ се води голема, но вечерва треба да биде многу појасно.

Барселона е под императив на победа. Каталонците бараат триумф против Бенфика со новиот тренер Чави Ернандез, со што би обезбедиле пласман во елиминациските мечеви.

Барса има два бода повеќе, но во случај на пораз или можеби дури и реми, можно е да не го гледаме славниот клуб во втората фаза од ЛШ, со оглед на тоа што Каталонците во последното коло гостуваат во Баерн, а Бенфика го пречекува Динамо Киев.

Групата „Ф“ ја носи најголемата „мешаница“, Манчестер јунајтед по отказот на менаџерот Оле Гунар Солскјер има тешка задача на гостувањето кај Виљареал, а овие два тима имаат по седум бода.

Од „сенка“ демне Аталанта која со победа против Јанг Бојс сака да стигне до Јунајтед и Виљареал кои имаат два бода повеќе. Слична е ситуацијата и во групата „Г“, каде четири бода ги делат сите екипи на табелата. Севиља го пречекува тимот на Волфсбург, а Лил е домаќин на Салцбург.

Во групата „Х“ веќе се знае дека во нокаут-фазата ќе ги гледаме Јувентус и Челси, а овие две екипи ќе го одиграат денешното дерби и ќе се борат за првото место во групата. Во вториот меч Малме на македонскиот репрезентативец Ердал Ракип ги бара првите бодови на домашниот меч против Зенит во битката за третата позиција која води во Лига Европа.

Лига на шампиони, 5. коло

Група „Е“
18.45 часот Динамо Киев – Баерн
21.00 часот Барселона – Бенфика

Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Барселона 6, Бенфика 4, Динамо Киев 1.

Група „Ф“

18.45 часот Виљареал – Манчестер јунајтед
21.00 часот Јанг Бојс – Аталанта

Табела: Виљареал 7 бодови, Манчестер јунајтед 7, Аталанта 5, Јанг Бојс 3.

Група „Г“

21.00 часот Севиља – Волфсбург
21.00 часот Лил – Салцбург

Табела: Салцбург 7 бодови, Лил 5, Волфсбург 5, Севиља 3.

Група „Х“

21.00 часот Челси – Јувентус
21.00 часот Малме – Зенит

Табела: Јувентус 12 бодови, Челси 9, Зенит 3, Малме 0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еден од загинатите со својата вереница во Истанбул го прославил роденденот, бил дел од кабинетот на градоначалникот на Кичево

Следно

ФОТО | Познатиот новинар казнет и суспендиран поради она што ѝ го рекол на Адел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian