Блиски на жртвите во несреќата во Бугарија собрани пред седиштето на „Беса Транс” во Скопје

1 min read

Група граѓани – родинини и пријатели на жртвите во автобуската несреќа на компанија „Беса Транс”, утрово се собрани пред седиштето на компанијата во Скопје, интересирајки се за своите своите најблиски.

Седиштето на „Беса Транс”, чиј автобус враќајќи се од Истанбул денеска имаше несреќа во Бугарија при што загинаа над 45 граѓани на Република Северна Македонија, од утрово го обебзедуваат и полициски службеници.

Привичните информации од надлежните органи кажуваат дека четири автобуси од ова скопска компанија патувале викендот за Турција. 

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Tуристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.

– Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за „24 часа“. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Овие 10 знаци со сигурност покажуваат дека шеќерот ви е надвор од контрола

Следно

Новиот сој на коронавирусот пријавен и во Британија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian