Во Уганда убиени неколку осомничени за тероризам, приведени се 106 лица

1 min read

Уганда денеска соопшти дека се убиени неколку осомничени за тероризам, а приведени се 106 лица за време на операциите на безбедносните сили поврзани со акцијата насочена против трите самоубиствени терористички напади во главниот град Кампала минатата недела.

„Со цел да го нарушиме и разбиеме домашниот тероризам, ги интензивиравме операциите. Од почетокот на овие операции, 106 осомничени се уапсени”, изјави портпаролот на полицијата Фред Енанга во соопштение објавено на Фејсбук.

Таканаречената Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во вторникот во кој загинаа седум лица, меѓу кои тројца бомбаши самоубијци, а десетици беа повредени.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје 22.11.2021

Следно

Само на Али Ахмети му одговара уценет премиер, вели Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian