ВИДЕО: Водачот на навивачите на Лион му удира шамари на хулиганот кој го погоди Паје со шише во главата

1 min read

Дерби натпреварот во француската Лига 1 помеѓу Олимпик Лион и Олимпик Марсеј беше прекинат откако од трибината каде беа најверните навивачи на домашниот тим, со шише во главата беше удрен Димитри Паје.

Ова е втор пат Паје да биде гаѓан од противнички навивачи, претходно фудбалерот на Марсеј беше на мета и на фановите на Ница.

Натпреварот во Лион беше веднаш прекинат, а француските медиуми шпекулираат дека клубот го чека драконска казна поради неодговорен навивач. Сигурно е дека стадионот ќе биде затворен одреден период, а медиумите шпекулираат дека Лион може натпреварите да ги игра на неутрален терен.

Потегот не му се допадна на водачот на навивачите на Лион кој му удри шлаканица на неодговорниот фан поради фрленото шише.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Дудуш: Максим Димитриевски е авторитет, победник и треба да биде лидер на СДСМ – многумина мислат така, ама не кажуваат јавно

Следно

Се надзира ли крајот на Дејтонскиот мировен договор?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian