Скопје вечерва е петта најзагадена метропола во светот, Тетово како Делхи

1 min read

Екстремно високи нивоа на загадување на воздухот се забележуваат вечерва во Скопје, Тетово, Битола, Велес и сите поголеми градови во земјава, а нашиот главен град е на петтото место во светот според аерозагадувањето, покажува листата на веб-страницата AirIQ.

Со вредност на индексот AQI од 184, Скопје е најзагадениот град во регионов и во Европа вечерва, а пред него се само милионски градови од Бангладеш, Индија и Пакистан.

Сепак, уште „поотровен“ е воздухот вечерва во Тетово, каде индексот AQI изнесува 194, што е исто ниво на загаденост како во индискиот главен град, Делхи.

фото: AirIQ

Овој индекс ги зема предвид концентрациите на ПМ2,5 и ПМ10 честички во воздухот, како и ветерот. Слични вредности на загадување беа забележани и во изминатите денови, со промената на метеоролошките услови и појавата на магла во котлините низ цела Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел: Тековните мерки се недоволни за да се скроти четвртиот бран на ковид-19

Следно

Кумот на Веља Невоља веќе убил дваjца свои кумови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian