ШОК: Диего Марадона е погребан без срце

2 mins read

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона почина на 25 ноември 2020 година, фановите сè уште тагува по Аргентинецот, а сега се појавија нови информации кои ја шокираа јавноста. Диего Марадона е погребан без срце.

Докторот и новинар Нелсон Кастро на аргентинска телевизија откри дека Марадона е погребан без срце.

– Да, точно е, Диего е погребан без срце. Се појавија информации дека хулигани на Химназија Ла Плата планираат да провалат и да го украдат срцето на Диего. Затоа е донесена одлука да се извади срцето и да се направат дополнителните анализи за да се утврдат причините за неговата смрт – изјави Кастро.

Докторот потоа откри нови детали за срцето на легендарниот Аргентинец.
– Срцето на Марадона беше големо и тешко. Човечкото срце е тешко околу 300 грама, а срцето на Диего тежеше околу половина килограм. И покрај тоа што беше спортист и имаше срцеви проблеми, неговото срце беше преголемо.

Докторот Нелсон Кастро напиша книга „Простување од Диего, вистинска историја“ во која пишува за многу детали бидејќи имаше увид во некои тајни документи кои не беа објавени во јавноста.
– Марадона беше зависник, а таквите луѓе е тешко да ги излечите. Тие мора да покажат желба за опоравување. Проблемот со Диего беше тоа што никогаш не сакаше да се опорави – тврди Кастро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Само на Али Ахмети му одговара уценет премиер, вели Мицкоски

Следно

За 24 часа над 100 починати од ковид-19 во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian