Се уништуваат корења на повеќедецениски дрвја во Аеродром, а тоа значи дрвото ќе се исуши за година-две

1 min read

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ алармираат на ново уништување на корења на повеќедецениски дрвја во Аеродром на улицата Васко Карангелески.

-Дали на планерите им е наједноставно да повлечат линија со линијар за местење инсталации притоа не водејќи сметка дали ќе се уништат дрвја?, прашуваат активистите. 

Тие велат дека очекуваат од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со својот тим да направи ревизија на сите проекти што Град Скопје има намера да ги оствари за да се спречи ново уништување на здрави дрвја во иднина.  

-Повторуваме, ако 40% од коренскиот систем се уништи на едно дрво, тоа ќе се исуши за 1-2 години!, децидни се од „Зелен хуман град. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Театарот „Сенки и облаци” настапи пред публиката во Москва

Следно

Лукашенко: Очекуваме одговор од ЕУ дали ќе ги преземе бегалците?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian