Гарет Саутгејт ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Англија до 2024 година.
Саутгејт ја предводеше Англија до полуфиналето на Светското првенство 2018 година во Русија, а изманотото лето играше и во финалето на Европското првенство.
Новиот договор значи дека Саутгејт ќе ја предводи Англија на Мундијалот во Катар како и во квалификациите за ЕП 2024. Освен со Саутгејт, ФА потпиша нов договор и со неговиот помошник Стив Холанд.
– Среќен сум што јас и Стив остануваме во репрезентацијата. Голема чест е да се води оваа репрезентација. Пред нас е голема шанса, а знам дека и навивачите се возбудени поради тоа што овој тим би може да направи и постигне во иднина – изјави Саутгејт.