Ракометарите на Металург стапија во штрајк, нема да играат сè додека не си ги добијат платите

3 mins read

Поранешниот ракометен шампион Металург ги проживува најтешките моменти во клупската историја, откако денеска играчите ја известија управата дека започнаа штрајт, односно повеќе нема да тренираат ниту да играат натпревари, се додека не им бидат исплатени платите.

На трпението на ракометатите му дојде крајот, и тие денеска заедно со стручниот штаб стапија во штрајк и тоа се до исплата на долговите.
Тимот од Автокоманда е далеку од резултатите од пред десетина години кога беше редовен учесник во Лигата на шампионите, поради финансиските проблеми во кои се наоѓа тимот, Металург во досегашниот дел од сезоната има од четири победи и седум порази.
Управата на Металург е свесна за финансиските проблеми и нема да ги казнува ракометарите и ќе побара помош од Ракометната федерација на Македонија за излез од кризата.

– Денеска добив известување дека играчите од првиот тим и стручниот штаб се повлекуваат од тренинзи и натпревари до исплата на обврските.
Како Управа не ги поддржуваме овие мерки. Поаѓајќи од познатите премрежија во блиското минато на Клубот, сметаме дека ваквиот начин нема да смени ништо. Напротив, ќе донесе нови проблеми и уназадување на работата на индивидуален план кај играчите, кај Клубот како тим и колектив, а и на поширок план во Суперлигата, воопшто. Ние како управа апсолутно ќе ги почитуваме нивните Одлуки и ќе ставиме мораториум на сите дисциплински мерки, додека не се реализираат Договорите за исплата на средствата кои ги очекува клубот. Воедно ќе ја известиме РФМ и останатите засегнати страни (комисии) за новонастанатата состојба и ќе побараме мислење и реакција. Управата на клубот ќе продолжи да се бори во овие тешки услови и ќе го издржи налетот на проблемите и овој пат, ќе ги издржи и казните што произлегуваат од оваа ситуација. Тековната сезона, лошите резултати, во пакет со некои одлуки кои мораа да бидат донесени за да се преброди периодот на транзицијата се сеуште рецидив од сличната ваква состојба која донесе ненадоместлива штета на клубот. Но, истакнуваме дека токму во транзиторниот период се вратија обврски на клубот кој се мерат со неколку стотици илјади евра, а се направи реструктурирање чии ефекти се очекувааат на крајот на оваа полусезона и почетокот на наредната календарска година. Управата на полусезона ќе се направи анализа и ќе се донесат некои одлуки за доброто на Клубот и создавање на здрава средина за младите играчи, како основна цел на постоењето – изјави претседателот на Металург, Зорица Блажевска.

Токму поради финансиските проблеми Металург го откажа настапот во европските купови, но доколку набрзо не се најде решение, можен е распад на тимот и сезоната би ја доиграла со младинската екипа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Моја работа е да притискам за датум, се трудиме тоа да биде 14 декември

Следно

Најскржавите хороскопски знаци: Често избегнуваат да платат во ресторан, немаат ситно или го заборавиле паричникот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian