Паднаа цените на нафтата во Европа

1 min read

Цените на нафтата паднаа во понеделникот на меѓународните пазари на 78 долари бидејќи трговците стравуваат дека повторената експанзија на Ковид-19 во Европа ќе ја ослаби побарувачката, а големите потрошувачи ќе ја зголемат понудата со продажба на нафта од стратешките резерви.

На лондонскиот пазар цената на барелот околу пладне беше за 56 центи пониска од претходнота, лизгајќи се на 78,33 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар, каде со барел се тргуваше по 75,40 долари.

На почетокот на неделата, трговците се фокусираа на повторено воведување мерки за затворање во некои европски земји поради новиот бран на инфекција со Ковид-19.

Најавите за затворање ја зголемија загриженоста за економскиот раст и побарувачката на нафта, рече Тамас Варга од лондонската PVM Oil Associates.

Десетици илјади луѓе, вклучително и бројни поддржувачи на екстремната десница, протестираа во саботата во Виена, откако австриската влада најави ново затворање. Германија, исто така, би можела повторно да воведе ограничувања, а меѓу другото се разговара и за заклучување за невакцинираните.

Во такви услови, инвеститорите на почетокот на трговијата се свртеа кон средства кои ги сметаа за безбедно засолниште во несигурни времиња, како што е доларот, кој ги намали цените на нафтата, објаснува Варга.

Американскиот долар во понеделникот се приближи на највисокото ниво во однос на еврото во последните 16 месеци, па нафтата порасна за купувачите со други валути, а побарувачката беше пригушена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако е лош состанокот со мене, барем ќе ужива во добра храна: Каде Пит Дејвидсон ја носи Ким Кардашијан на состанок?

Следно

Османи: Моја работа е да притискам за датум, се трудиме тоа да биде 14 декември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian