Општина Карпош со уште поголема поддршка за лицата со попреченост

1 min read

Во својот работен кабинет, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски потпиша Меморандум за соработка со Здружението „Дневен центар Доза Среќа“. Со овој документ се официјализира натамошната соработка помеѓу локалната самоуправа и невладината организација, која подразбира заеднички активности за инклузија, интеграција и унапредување на квалитетот на животот на децата и лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.

Имено, соработката се темели на размена на информации, искуства, и консултации при процесот на креирање на локалните политики на Општината, поврзани со унапредување на правата на децата и лицата од целните групи, како и нивните семејства. Меморандумот опфаќа повеќе општи и специфични цели, меѓу кои се вбројува и заедничкото аплицирање во национални и интернационални фондови за обезбедување на финансиски средства, за инклузија и интеграција на  граѓаните од оваа социјална категорија.

Соработката ќе биде насочена и кон промовирање и развој на социјалното претприемништво, вклучително и формирање на заштитни друштва за вработување на лица од овие целни групи. Општина Карпош и  Здружението „Дневен центар Доза Среќа“, ќе соработуваат и во насока на развивање на програми за обука и специјализација на стручен кадар, за практична работа со децата и лицата со попреченост. Потписниците на Меморандумот се согласни и за развивање на програми за неформално образование, развој на животни и работни вештини, како и обука и специјализација на лицата од целните групи.  
 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Нема веќе „shuffle“ – бидејќи Адел кажа така. А апликацијата „Spotify“ послуша.

Следно

Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје 22.11.2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian