Нов млаз лава се изли во океанот на шпанскиот остров Ла Палма

1 min read

Властите на шпанскиот остров Ла Палма денеска побараа од жителите на три крајбрежни градови да останат затворени откако нов млаз лава се излеа во океанот, испраќајќи густи облаци од потенцијално отровни гасови високо на небото.

Третиот тек на лава од вулканот Кумбре Виеха, кој „работи” два месеца, стигна до водата околу пладне неколку километри северно од местото каде што двата претходни потока стигнуваа до морето.

На жителите во Тазакорте, Сан Бордон и делови од Ел Кардон им било кажано да останат во своите домови со затворени врати и прозорци.

Војници од Единицата за вонредни ситуации се распоредени за мерење на квалитетот на воздухот во областа.

Аеродромот исто така е затворен и најверојатно нема да работи во следните 48 часа поради неповолните временски услови, изјави Мигел Анхел Моркенде, технички директор на Комитетот за реагирање на ерупцијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Куманово

Следно

Миле Јанакиески не се враќа во притвор, судот го одби барањето на Русковска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian