Англискиот репрезентативец Мејсон Маунт во наредните два преодни рокови може да се пресели во Ливерпул.
Оваа вест ја објави весникот „Дејли стар“, кој пишува дека Маунт смета оти не е доволно почитуван во Челси и побарал да биде ставен на трансфер листата, а наводно најзагреан за него е Ливерпул.
– Мејсон е скршен бидејќи го сака кубот и навивачите, но изгледа е време да направи нов чекор во својата кариера. Што е подобро за него од Ливерпул? – изјави за весникот, извор близок до фудбалерот на Челси.
Последниот голем трансфер од Челси во Ливепрул се случи во 2013 година кога на „Енфилд“ пристигна Даниел Стариџ, а подоцна по неговите стапки тргна и Доминик Соланке.