Министерката бара реформи во францускиот фудбал по хаосот во Лион

1 min read

Француската министерка за спорт, Роксана Марасинеану денеска порача дека на францускиот фудбал му е потребна итна и радикална примена на казнените мерки по инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Олимпик Лион и Олимпик Марсеј.

Неделниот дерби натпревар во Лига 1 беше прекинат уште во четвртата минута откако домашните навивачи со пластично шише го погодија играчот на Марсеј, Димитри Паје.

– Тоа што се случи во Лион е неприфатливо. Димитри Паје ја има мојата целосна поддршка. Не можеме да дозволиме играчите да бидат нападнати на ваков начин. Такви постапки би требало да резултираат во најмала рака со автоматски прекин на натпреварот – порача министерската Марасинеану.

Челниците на Лига 1 истакнаа дека дека ваквите инциденти го нарушуваат угледот на лигата како во Франција, така и во светот.
Во август годинава, натпреварот помеѓу Ница и Марсеј беше прекинат бидејќи домашните навивачи влетаа на теренот.
Претходно годинава, навивачите на Монпелје со димни бомби ги гаѓаа играчите на Марсеј и во таа прилика го погодија Валентин Рожие кој заработи повреда на усната.
Според францускиот „Лекип“, четири лица, вклучувајќи го и навивачот кој го фрли шишето кон Паје, се уапсени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гаши сака да биде Ахмети во новата влада

Следно

Во Србија најпрофитабилните компании се во странска сопственост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian