Меркел: Тековните мерки се недоволни за да се скроти четвртиот бран на ковид-19

1 min read

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, им порача на лидерите на нејзината Христијанско-Демократска Унија (ЦДУ) дека веќе преземените мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот се недоволни.

-Се наоѓаме во драматична ситуација. Мерките што сега се во сила не се доволни, им порачала Меркел на лидерите на ЦДУ на средбата, дознава „Ројтерс“ од двајца учесници на денешната средба.

Околу 79 отсто од возрасната популација во Германија примиле две дози од вакцината против Ковид-19, но досега само 7,5 отсто ја примиле третата доза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Жељко Самарџиќ во секој момент ја очекува внуката: Неговата ќерка Миња објави фотографии од бременоста и ги разнежни сите

Следно

Скопје вечерва е петта најзагадена метропола во светот, Тетово како Делхи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian