Магариња, „општински функционери“ собураат отпад и слушаат Бетовен

3 mins read

Стадо бели магариња секое утро во средновековниот турски град Мардин започнуваат со работа со собирање отпад, а по смената ќе се релаксираат со класична музика.
Комуналните работници ги водат низ тесните и кривулести улички на градот изграден на карпа што се издига над античка Месопотамија – денешна Сирија, Ирак и Иран. Животните навикнати на напорна работа носат резервоари за отпад.

– Со векови ги користиме за чистење на градот. Само тие можат да се движат низ овие тесни улички – вели Кадри Топарли, еден од чистачите на стариот град. – Во спротивно би било невозможно да се работи оваа работа.

Гадар, Чефо и Бозо, односно Суровиот, Благиот и Бледиот се меѓу четириесетина магариња, „општински функционери“, кои ги добиле имињата по нивните карактеристики.
Тие работат како нас, осум часа дневно со пауза по четири часа работа. Вечерта се опоравуваат од напорниот ден. Магарињата се релаксираат со музика во своите штали, каде за нив се грижат ветеринари.
– Секоја вечер по два часа им пуштаме класична или традиционална музика, вели Топарли.
– Гледаме дека се посреќни кога го слушаат Бетовен.

На почетокот на 20 век, кога во Мардин живееле само 20.000 луѓе, магарињата ја носеле пепелта создадена од согорувањето во печки на дрва и јаглен. Само стариот град денес има 60.000 жители кои произведуваат речиси десет тони отпад секој ден.

– Имаме мали возила кои ги нарекуваме „такси за ѓубре“, и нив ги користиме, но не се ефикасни како магарињата, вели Абдулкадир Тутаси, градоначалник на стариот град.

Во турското општество, чувствителноста за благосостојбата на животните расте во последните години, па се обидуваат да ја намалат зависноста од работата на магарињата.
Забранети кочии со коњи
Истанбул ги забрани кочиите со коњи на влезот на Босфорот. Наместо туристички кочии што ги влечат коњи, беа воведени електрични возила. За да се избегнат можните критики, властите на Мардин соработуваат со здруженијата за правата на животните за да ги следат условите за работа на магарињата.
– Тие се многу паметни животни. Тие напамет ги знаат областите за кои се задолжени. Честопати воопшто не мораме да ги враќаме во шталата, вели Топарли.

Магарињата се ангажираат кога ќе наполнат шест години, а во пензија ги испраќаат кога ќе наполнат 14 или 15 години.

Магарињата ги поминуваат своите златни години во локално засолниште за животни и уживаат во заслужениот одмор. Градот Мардин послужи како пример за некои други европски градови, особено во Франција и Италија, каде што магарињата се користат за комунални услуги во областите до кои е тешко достапни автомобили.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Кој друг, ако не Карди Би! Раперката се појави со златна маска на лицето на доделување на наградите

Следно

ИСПЛИВАА ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ: Икарди ја мамел Ванда со келнерка пред нејзини очи!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian