Лукашенко: Очекуваме одговор од ЕУ дали ќе ги преземе бегалците?

2 mins read

Белорусија чека одговор од Европската унија дали сојузот планира да прифати 2.000 бегалци заробени на белоруска територија долж границата со Полска, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

 

Во интервју за државната новинска агенција Белта, тој најави дека Белорусија ќе бара Германија да прифати бегалци, но потврди дека ЕУ сè уште не се огласува ниту пак досега стапила во контакт со официјалниот Минск по ова прашање, пренесува Ројтерс.

Лукашенко предупреди дека Полска треба да размисли за последиците од заканата за затворање на граничниот железнички премин, велејќи дека железничкиот сообраќај во такво сценарио може да се пренасочи кон зоната на конфликт во источна Украина.

Мигранти на полско-белоруската граница
Мигранти на полско-белоруската граница / Фото: EPA-EFE/MAXIM GUCHEK

Тој посочи дека Белорусија не сака да се конфронтира со Полска, но повтори дека Минск очекува одговор од ЕУ за приемот на 2.000 бегалци кои се наоѓаат во Белорусија.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, вчера предупреди дека бегалската криза во Белорусија може да биде „увертира за нешто многу полошо“, бидејќи белоруските гранични сили се уште ги насочуваат мигрантите кон границата со Полска.

Мигрантите на полско-белоруската граница
Мигрантите на полско-белоруската граница / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV/ BELTA /

Минатата недела беше организиран првиот лет за репатријација на бегалците од Белорусија во Ирак, а во меѓувреме претседателот на Белорусија Александар Лукашенко најави дека кон крајот на месецов ќе биде организиран уште еден ваков лет.

Европската унија ја обвинува Белорусија дека донела илјадници луѓе од Блискиот Исток и ги насочила да преминат во земјите-членки на ЕУ и НАТО преку Полска, Литванија и Летонија , како одговор на европските санкции.

Минск ги отфрли обвинувањата негирајки дека кризата била намерно предизвикана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се уништуваат корења на повеќедецениски дрвја во Аеродром, а тоа значи дрвото ќе се исуши за година-две

Следно

Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian