Луда тренерска вртешка: Покетино наскоро ќе седне на клупата на Јунајтед, Зидан доаѓа во ПСЖ?

2 mins read

Отказот на Оле Гунар Солскјер може да предизвика луд развој на настаните на релација Париз – Манчестер кој би требало да резултира со доаѓањето на Маурисио Покетино во Јунајтед.

Денеска Скај спортс објави дека Покетино е подготвен да си замине од ПСЖ доколку му пристигне понуда од Манчестер јунајтед, а вечерашните информации говорат дека тоа може наскоро да се случи.

Причината е ПСЖ кој оствари контакт со Зинедин Зидан, додека дел од фудбалерите во соблекувалната веќе зборуваат за легендарниот фудбалер како нов тренер, пишува „Ле Паризиен“.

Наводно, на челниците на ПСЖ не им се допадна потегот на Покетино кој порачал дека со задоволство би се вратил во Премиер лигата и би седнал на клупата на Јунајтед веднаш, а не на крајот од сезоната.
„Ле Паризиен“ пишува дека ваквото размислување на Аргентинецот кој го предводи ПСЖ е лошиот однос со спортскиот директор на „светците“, Леонардо.

Ова не е прв пат да се шпекулира дека Покетино е незадоволен во ПСЖ, дека не може да ја контролира ситуацијата во соблекувалната. Исто така Аргентинецот не е задоволен поради тоа што за него не се зборува како за долгорочно решение на клупата, туку Леонардо и сопственците преку медиумите му порачуваат дека ќе добие отказ доколку не ја освои Лигата на шампионите.

Поради тоа, вечерва француските медиуми пишуваат дека Зидан е сериозен кандидат за клупата на ПСЖ, и тој наскоро може да седне на клупата на ПСЖ.

ПСЖ во среда го очекува тежок натпревар против Манчестер сити во Лигата на шампионите и доколку не победи, извесно е дека „светците“ ќе завршат на второто место во групата и во осминафиналето ќе добијат потешки противници,  а тоа исто така најверојатно би значело отказ за Покетино.

Сопствениците на ПСЖ сметаат дека со ангажманот на Зидан би успеале да го убедат Килијан Мбапе да остане во Париз и да потпише нов договор.

Мбапе не крие дека Зидан му е неговиот идол и сакаше да соработуваат заедно во Реал Мадрид, но се поизвесно е дека тоа ќе се случи во Париз. Доаѓањето во ПСЖ за Зидан е идеална можност да предводи тим со кој може да ги освои сите трофеи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: И Ахмети се сретна со Гаши, имаме загарантирано мнозинство од 61 пратеник

Следно

Бизарна сообраќајна несреќа во Србија, ковид-пациент загина во возило на Брза помош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian