Кремљ демантира : Тврдењето дека Русија подготвува инвазија на Украина – е целна дезинформации

2 mins read

 

Најавите дека Русија наводно подготвува воена инвазија на Украина може да послужат како параван за агресивните аспирации на Киев да го реши проблемот со Донбас со воени средства, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

/ Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Песков посочи дека „има целна информативна кампања“, како и дека новинските агенции, како Блумберг, и американските весници се користат за дезинформации.

„Тоа може да се случи. Некои американски весници се активно вклучени во ова. „Тоа е поттикнување на тензии, обид да се прикаже Русија, всушност, како страна што го загрозува процесот на мирно решавање на кризата во Украина“, изјави Песков за новинарите.

Според него, не може да се исклучи дека сето ова е „камуфлажа за прикривање на агресивни намери што може да ги активира Киев“. Тој објасни дека можеби се работи за настојувањето на Украина проблемот на југоисточниот дел каде живее руско население да се реши со употреба на воени средства.

Самиот Киев ги зголемува своите сили, а западните НАТО земји му помагаат на Киев да ги зголеми своите сили, со доставување на значително количество оружје во Киев, вклучително и модерно и високотехнолошки. Сето тоа го набљудуваме со голема загриженост“, нагласи Песков.
Песков додаде дека ова е прашање за армијата.

„Можам само да кажам дека во овој случај секое движење на руски војници на нашата територија, а тоа е токму руска територија, не е закана и не треба никого да загрижува“, рече Песков.

На прашањето дали руската страна ја бележи концентрацијата на војници на украинската страна, портпаролот одговори дека детали за тоа ќе остави на армијата.

 Фото: Профимедиа

„Зборувам генерално. Се разбира, бројот на провокации значително расте. Во исто време, овие провокации се вршат со користење токму на оружјето што земјите од НАТО и го испорачуваат на Украина. И сето тоа е во спротивност со сегашните договори од Минск“, заклучи тој.

Американската разузнавачка служба смета дека Русија би можела да ја нападне Украина на почетокот на 2022 година. Нападот наводно би можел да дојде од три правци, вклучувајќи ја и територијата на Белорусија. Затоа Москва изврши мобилизација на неколку десетици илјади резервисти, тврди агенцијата Блумберг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карпошани против екстремната урбанизација: Имаме ли потреба од зголемување на бројот на згради во општината?

Следно

Левица поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian