Карпин ги посакува „рисовите“ во баражот: Македонија би бил идеален противник за нас

1 min read

Рускиот селектор Валери Карпин ја посакува фудбалската репрезентација на Македонија за противник во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи идната година.

Ждрепката за одредување на групите ќе се одржи в петок во Цирих (17 часот), а Македонија се наоѓа во групата на непривилегирани репрезентации и можни противниците во полуфиналето и се Португалија, Русија, Италија, Велс, Шведска и Шкотска.

– Нема човек што не ја посакува Македонија и го гледам јас тоа, сите мислат дека Македонија е најдобриот противник што може да ни падне. Веројатно тој ќе биде најдобар противник за нас. Сите така мислат, а и ние. Но, тоа е само на хартија, на теренот ќе треба да се докажуваме – изјави Карпин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Левица поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта

Следно

Двомесечно бебе починало како последица на ковид во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian