ФОТО | Атиџе и Сузана во Истанбул: Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994 година со својот татко

1 min read

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.

Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

Овој убав претпразниен период Атиџе и Сузана го искористија за посета на прекрасниот Истанбул, Турција, дамнешна желба на Муратова. Хероината од филмот „Медена Земја“ последен пат била во Турција во далечната 1994, заедно со нејзиниот веќе покоен татко, а по толку години Сузана и ја исполнува повторно желбата да го посети бисерот на Босфорот…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Деветмина загинати во пожар во дом за стари лица во Бугарија

Следно

„Гамалеја”: Пандемијата ќе заврши кога 75 отсто од луѓето ќе имаат антитела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian