Филипче: Новите мерки се медицински и правно оправдани

3 mins read

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, сите релевантни експерти од овие области, кои тргнуваат од принципите на медицината и епидемиологијата стојат позади мерките. Тие се неопходни да се задржи релативно мирната епидемиолошка состојба во држатава, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, во гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Предлог мерките за кои утре ќе се дискутира на седница на Владата, се и правно оправдани, вели министерот.

-Заштитата на сопственото здравје и здравјето на другите е во Уставот во член 39, во Законот за работни односи во член 32. Уставниот суд веќе има одлучувано по претходни претставки да се толкува уставноста на мерката за задолжителна вакцинација за други вакцини кај децата при прием во градинка. Одлуката на Уставен суд беше дека јавното здравје е пред се – изјави Филипче.

Министерот апелираше до граѓаните да се вакцинираат, рече дека болниците и сега се преоптеретени, инфективните одделенија во државата се преполни. Во Скопје има пренаменети Клиники во ковид одделенија како Неврологија и Дерматовенерологија, па пациентите со невролошки заболувања се препраќаат низ други болници.

-Луѓе заболуваат и од други тешки и битни дијагнози. Граѓаните мора да покажат одговорност, имајќи предвид дека целокупниот систем во овој момент е преоптеретен најмногу со невакцинирани пациенти. Граѓаните мора да водат сметка не само за своите права, туку и за обврските кои ги имаат, а тоа е да го штитат сопственото здравје, здравјето на лицата околу нив, а со тоа и здравствениот систем – изјави министерот.

Анализите на Институтот за јавно здравје не утврдиле присуство на делта плус-варијантата на вирусот, сојот кој е активен во регионот и рапидно се шири, во земјава.

-Не може да го спречиме вирусот да дојде кај нас, што значи голема е веројатноста и ризикот дека ни предстои еден силен бран. Немаме друг механизам како да се бориме, гледаме како се преполни болниците во сите земји од регионот. Апелирам граѓаните да се вакцинираат.За да постигнеме вакцинација од близу 70% од вкупното население треба да се вакцинираат уште помеѓу 400-450.000 граѓани. Мора да го заштитиме здравствениот систем, а со тоа и државата, рече министерот.

Филипче вели дека граѓаните кои имаат контраиндикации од вакцините, а тој број е многу мал, нема да треба да се вакцинираат, ниту да прават ПЦР тетсови, туку доволна ќе биде потврда од одреден специјалист дека не може да примат вакцина. Министерот рече дека граѓаните кои ја прележале болеста, по 45 дена треба да се вакцинираат, бидејќи вакцините немаат никакви несакани појави по прележувањето на вирусот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Масакр во Рио де Жанеиро: Пронајдени седум трупови во канал, нафрлани еден врз друг и со знаци на мачење

Следно

Доколку се јави Јунајтед, Покетино е подготвен да си оди од ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian