Двомесечно бебе починало како последица на ковид во Србија

1 min read

Едно двомесечно бебе починало како последица на коронавирусот на Детската клиника Тирсова во Белград, пренесува Танјуг.

„За жал, првото бебе кое го добивме почина минатата недела. По речиси шест недели борба за живот“, изјави докторката Снежана Рсовац.

Таа изјавила дека на таа клиника биле сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе успеа да се опорави иако долго беше на респиратор, изјави Рсовац за ТВ Прва.

Таа додаде дека сите други деца на таа клиника се добро, а се намалил и бројот на примени на заразени деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карпин ги посакува „рисовите“ во баражот: Македонија би бил идеален противник за нас

Следно

ФОТО | Објавена нова фотографија на вљубените Грашо и Хана: Позираат прегрнати во лежерно издание

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian