Пациент заболен од корона вирусот почина вечерва, а три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во селото Бован, кај истоименото езеро меѓу Сокобања и Алексинац, јавуваат белградските медиуми.
Несреќата се случила околу 19.20 часот кога возилото на Брзата помош што го превезувало во болница од засега неутврдени причини излетало од патот.
Полицијата ја потврди информацијата за несреќата.