Биков: Изборот на Радев нема да ги смири политичките тензии во Бугарија

1 min read

Претставникот на ГЕРБ и долгогодишен пратеник на оваа партија во бугарскиот парламент, Тома Биков, изјави дека изборната активност на вчерашниот втор круг од претседателските избори Бугарија не се заснова на ентузијазмот, туку на анти-ГЕРБ тенденцијата, како што се гледа од резултатите, коментираше тој за БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Биков целосно ја отфрла тезата дека изборот на Румен Радев за нов претседателски мандат ќе ги смири политичките тензии во Бугарија. Тој не ја исклучи можноста Румен Радев во наредните месеци да се конфронтира, па дури и со партиите што го поддржаа.

– Бугарското општество може полесно да ги надмине овие предизвици доколку е обединето, но за жал, според Биков, таков потенцијал не видел.

Тој е дециден дека бугарските граѓани ја изгубиле можноста да имаат достоен претседател во ликот на проф. Анастас Герџиков.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема специјалисти, а казните за матичните лекари „специјални“!

Следно

Дневен хороскоп за 22 ноември: Бидете отворени за нови опции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian