ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Потресна репортажа од ковид болница во Сплит

1 min read

ХРТ објави вознемирувачка репортажа од одделот за ковид-19 во една од сплитските болници.

Не сум загрижен што ќе се случи за три недели. Загрижен сум што ќе се случи утре. Многу од нив се спасени со респиратори. Се работи за апарат – изјави др. Божидар Дупланчиќ, анестезиолог на интензивна нега во Клиничкиот болнички центар Сплит.

Респираторот спасува животи

Респираторот не убива, но респираторот ги спасува луѓето. Респираторот ни го дава времето потребно за да закрепнат белите дробови – вели Дупланчиќ.

Тој вели дека има доволен број на доктори, , но треба да има најмалку двојно повеќе медицински сестри.

Уморна сум, сите мои колеги се уморни. Пред некое утро се прашував, Боже, ќе можеме ли сето ова да го издржиме? Засега некако успеваме, но ако вака продолжи, ако луѓето не се вакцинираат, ако не нè слушаат, вели Јадранка Марас, главна медицинска сестра на одделението за интензивна нега.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: „Граѓаните“ лесно против Евертон, еврогол на Родри

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Куќа на стравот и ужасот: Родители ги тепале децата додека не прокрвават и ги оковале со синџири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian