ВИДЕО|Силни воени единици на американската армија се концентрираа во северна Грција, Москва негодува

1 min read

 

Најголем десант на американски војници е извршен во реонот на северот на Грција, јавува телевизијата „Ѕвезда“.


Како што наведува телевизијата, до пристаништето во Александрополис биле доставени 120 хеликоптери и илјада борбени возила од странство, а пристигнале и бројни сили на пешадијата .
Според американската армија планот е од Грција да се испрати војска и опрема во земјите од Источна Европа за изведување воени вежби.

 

Експертите веќе ја нарекоа операцијата една од најголемите американски воени мисии чија цел е зајакнување на американското присуство на Балканот и на Црното Море

 

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ваквите маневрина американската армија ја дестабилизираат ситуацијата во регионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново истражување: Дознајте колку штитат маските, физичкото растојание при ширењето на ковид 19

Следно

Прва изјава на староновиот бугарски претседател: Преговорите со Северна Македонија меѓу приоритетите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian