ВИДЕО| Протестот против корона мерките во Брисел се претвори во улична војна

2 mins read

Жестоки судири со полицијата избија на денешниот протест против мерките за корона во Брисел, на кој присуствуваа неколку десетици илјади луѓе, пренесува Гардијан.

 

Маршот започна мирно, но полицијата подоцна употреби водени топови и солзавец како одговор на група учесници кои гаѓаа со камења и тврди предмети кон полицијата.,

 

Неколку демонстранти кои беа во центарот на судирите ноеселе капи и фламански националистички знамиња. Во близина на владиниот кварт на главниот град на Белгија се случија и неколку судири со полицијата.

Полицијата сооопшти дека низ улиците на Брисел демонстрирале околу 35.000 луѓе против најновите анти ковид мерки кои ги воведе  белгиската влада

Демонстрациите, под мотото „Заедно за слобода“, главно беа насочени против мерката забрана за невакцинираните да пристапуваат до места како што се ресторани и барови.

 

Европа се бори со уште еден бран на корона пандемијата , а неколку земји ги заострија мерките и покрај високиот степен на вакцинација на населението

 

Белгија, која се смета за една од земјите најтешко погодени од последниот бран на коронавирусот , ги прошири мерките кои се состојат за работа од дома и ги заостри ограничувањата за невакцинираните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | 234 години старо писмо од Катарина Велика вели: „Одбивањето вакцинација е дивјаштво“

Следно

ВИДЕО: Интер ги совлада Елмас и Наполи и се вклучи во трката за титулата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian