ВИДЕО | Најбогатото куче на светот ја продава својата вила за 31 милион долари, а тоа „тежи“ 688 милиони долари

3 mins read

Вредноста на имотот на германскиот овчар Гантер Шести се проценува на дури 688 милиони долари.

Ова расно куче, за кое се грижи тим чувари, поседува приватен авион и готвач кој му готви специјални оброци, ја продава вилата во Мајами, изградена во тоскански стил за 31,75 милиони долари.

Поранешна сопственичка на оваа вила, која има осум соби и базен, била познатата поп-пејачка Мадона. Купена е пред 20 години за 7,5 милиони долари, а прв сосед е холивудскиот актер Силвестер Сталоне.

Гантер Шести наутро си игра со тениско топче, се тркала по тревата и сака да дреме. Тој носи дијамантски ѓердан околу вратот, додека стариот ѓердан од злато останал дома, во Тоскана.

Гантер го наследил своето богатство од неговиот предок Гантер Четврти, кој исто така бил германски овчар. Во дневната соба на вилата доминира портретот на поранешниот сопственик Гантер Четврти. Линијата на предците на овој чистокрвен германски овчар трае неколку децении сѐ до Гантер Трети, кому милионите му ги оставила неговата сопственичка, германската грофица Карлота Либенштајн, која почина во 1992 година.

Оттогаш, група старатели е задолжена за одржување на луксузниот начин на живот на овој германски овчар и неговите потомци. Така, Гантер често патува во Милано и лета на Бахамите, каде неодамна вечерал во луксузен ресторан. Неговите старатели сакаат да се погрижат Гантер да има активен социјален живот.

Приватниот готвач секое утро подготвува појадок направен од најдоброто парче месо, свеж зеленчук и ориз. Понекогаш ужива во кавијар, а никогаш не пробал гранули. Дури на аукција му купиле специјален бел тартуф вреден 1,1 милион долари, за поразновидно да се храни. Патува со приватен авион, секој ден оди на часови по дресура со тренер и спие во голем тркалезен кревет со црвена кадифена покривка.

Карла Ричители (52) е една од главните старателки на Гантер Шести и се наоаѓа на чело на управниот одбор кој управува со фонд вреден стотици милиони долари.

– Тој воопшто не е агресивен. Многумина ја мешаат оваа раса со волци, но Гантер одлично се согласува со сите животни. Се однесува заштитнички и сака кога е блиску до своето семејство – изјавила Ричители за „Си-би-ес Мајами“.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едноставно најдобар: Девет нереални рекорди на Ѓоковиќ во 2021 година

Следно

Орбан не сака да воведе ковид потврди: Изборот е вакцина или смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian