Шаленберг ја критикува ФПО: Ова е атентат врз здравствениот систем

1 min read

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг остро ја критикуваше Партијата на слободата (ФПО) за неодговорно однесување во однос на пандемијата на коронавирусот и подвлече дека карантинот, кој стапува на сила утре, ќе заврши за вакцинираните на 13 декември, додека за невакцинираните ќе продолжи.

Во врска со вчерашните демонстрации, Шаленберг во интервју за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ рече дека разбира зошто мнозинството граѓани во Австрија не поддржуваат такви протести, кога малцинство, кое не е солидарно во сегашната ситуација, ја предизвикува полицијата и го загрозува нивното здравје.

Тој посочи дека има тензии во општеството и го критикуваше ФПО, кој е еден од главните организатори на вчерашните демонстрации, дека препорачува ветеринарен лек за лекување на коронавирусот, нагласувајќи дека тоа е неодговорно и ја негира реалноста.

Тоа што ФПО и некои други политички сили го шират во државата е атентат врз здравствениот систем, потенцира тој.

ФОТО+ВИДЕО | Во Виена протести против карантинот и задолжителната вакцинација

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На четири хороскопски знаци им пристигнуваат пари во декември: Еве чиј паричник ќе биде полн

Следно

Исхрана по прележан бронхитис: Што смеете, а што не смеете да јадете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian