Санкционирани 491 возач за пребрзо возење на територија на државата

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на државата санкционирало 491 возач поради возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти МВР, од нив 90 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 195 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 296 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кина бесна поради дипломатските односи меѓу Тајван и Литванија

Следно

ВИДЕО: Брутален „дабл-дабл“ на Јанис, Вашингтон славеше во дербито на Истокот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian