Роденденска победа на Васоски, Шкупи со пет гола во мрежата на Пелистер

2 mins read

Се одиграа и преостанатите пет натпревари од 14 коло во Првата македонска лига, воглавно без изненадувања, водечкиот Шкупи на домашен терен убедливо славеше над Пелистер со 5:0.

Сите дилеми околу победникот на стадионот во Чаир беа решени уште во првото полувреме, двапати во листата на стрелците се запиша Цветаноски, а еден беше дело на Маркоски.

Во 54 минута Ѓорѓиевски ја зголеми предноста на домаќините, а конечниот епилог го постави Чешмеџиев (85`). Шкендија со голот на словачкиот интернационалец Кривак (61`) во Тетово триумфираше над штипска Брегалница.

Екипата на Струга Трим Лум исто така минимално дојде до бодовите кои ги обезбеди Албанецот Цаке на дуелот против Работнички.

Ренова доминираше на теренот во Велес откако го надигра Борец (1:4). Али во 11 и Селмани во 14 минута стрелаа за предност на „гипсарите“.

Колумбиецот Мена Перез во 26 минута ја зголеми позитивата на гостите, а Селмани во 64 минута го реализираше и својот втор погодок на мечот. Борец до крајот на средбата само успеа да го намали својот 10 пораз (четврти по ред) преку Ѓорѓиев.

Доста возбудливо беше на натпреварот помеѓу Академија Пандев и Тиквеш во кој играчите на тренерот Александар Васоски кој денеска го слави 41 роденден. Неговите играчи се погрижија истиот да биде крунисан со победа иако истата не беше така лесно постигната.

Во 37 минута од пенал за водство на „пандевци“ стрелаше Мирчевски, а само 120 секунди подоцна кавадаречкиот клуб израмни преку Каракамишев.

Емини со два гола им донесе триумф на „лавовите“ против Скопје

На стартот од вториот дел Академија Пандев остана без еден фудбалер на теренот поради вториот жолт картон на Илиев (54`), но и покрај тоа повторно ги израдува навивачите со нов гол кој го реализираше Србинот Радиќ во 60 минута.

Камерунецот Нгоба ја врати неизвесноста за нов егал во 79 минута, но само четири минути подоцна Мирчевски ја обезбеди победата.

Прва лига, 14. коло

Недела, резултати –

Академија Пандев – Тиквеш 3:2
Борец – Ренова 1:4
Шкендија – Брегалница Штип 1:0
Шкупи – Пелистер 5:0
Струга Трим Лум – Работнички 1:0

Сабота:
Скопје – Македонија ЃП 1:2

Табела:

1. Шкупи 32 бодови
2. Академија Пандев 28
3. Ренова 25
4. Шкендија 24
5. Струга Трим Лум 22
6. Брегалница Штип 22
7. Македонија ЃП 20
8. Работнички 18
9. Скопје 16
10.Тиквеш 10
11.Борец 8
12.Пелистер 4

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русите ги критикуваат САД дека намерно „креваат паника“ околу спорот со Украина

Следно

На четири хороскопски знаци им пристигнуваат пари во декември: Еве чиј паричник ќе биде полн

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian