Приведен крадец во Скопје, расчистени две кривични дела

1 min read

На 20.11.2021 од страна на службеници од Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје, за кого била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.

Во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа „кражба“ и „тешка кражба“. Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил „кражба“ од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот. Делото „тешка кражба“ го извршил на 07.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена  соодветна кривична пријава.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Психолог ги толкува најчестите соништа: изневерување, змии, бегство

Следно

Кина бесна поради дипломатските односи меѓу Тајван и Литванија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian