Орбан не сака да воведе ковид потврди: Изборот е вакцина или смрт

2 mins read

Вакцинацијата на целото унгарско население против ковид-19 е неизбежна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека дури и „најтешките антиваксери“ на крајот ќе треба да изберат меѓу вакцинација и смрт, пишува RT.

Зборувајќи за унгарското радио Кошут, унгарскиот премиер ги осуди оние кои се двоумат да вакцинираат, нарекувајќи ги закана „не само за сопственото здравје, туку и за здравјето на другите“.

На крајот сите ќе треба да се вакцинираат; дури и противниците на вакцинацијата на крајот ќе сфатат дека или мора да се вакцинираат или да умрат. Затоа ги повикувам сите да ја искористат оваа можност, рече Орбан.

Унгарија се соочува со четврт бран

Оваа членка на Европската Унија во моментов се соочува четвртиот бран на коронавирусот, за кој Орбан како главен виновник ги гледа оние кои се уште не се вакцинирани.

Да беа сите имунизирани, немаше воопшто да има четврти бран или ќе беше многу поблаг, убеден е Орбан.

Освен што повика на вакцинација, Орбан промовираше и дополнителни дози, откривајќи дека тој самиот веќе примил три дози од вакцината.

Вакцинацијата е единственото нешто што не штити од вирусот. Сега гледаме, како што се согласуваат експертите, дека заштитниот ефект на вакцината слабее четири до шест месеци по втората доза. Затоа третата доза е многу оправдана, рече Орбан.

Унгарија веќе најави нови мерки против ковид-19, иако нешто поблаги од оние препорачани од Унгарската лекарска комора. Таа здравствена управа повика на забрана на сите јавни собири и предложи задолжително да се воведат ковид потврди при влез во ресторани, театри и други јавни места во затворен простор.

Но наместо тоа, Будимпешта воведе само задолжителни маски во затворени простории и задолжителна вакцинација со трета доза за сите здравствени работници.

Оваа земја со 10 милиони жители има регистрирано вкупно нешто помалку од еден милион случаи на ковид-19. Во петокот беше поставен и нов дневен рекорд од скоро 11.300 нови инфекции. Во таа земја од ковид-19 починале вкупно 32.700 луѓе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Најбогатото куче на светот ја продава својата вила за 31 милион долари, а тоа „тежи“ 688 милиони долари

Следно

Пожар утрово изгоре до темел четири бараки во Гостивар, осум семејства останаа без домови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian