Од што почина Мерима Његомир: Истата болест однесе многу славни личности, а ова се симптомите

2 mins read

Регионот ја потресе веста за смртта на познатата српска пејачка Мерима Његомир (69), а како што пишуваат српските медиуми, пејачката боледувала од рак на панкреасот.

Од истата болест на почетокот на месецот почина и пејачот Маринко Роквиќ (67), а во прашање е еден од најподмолните облици на карцином.

Основачот на „Епл“ Стив Џобс и холивудскиот актер Патрик Свејзи се само неколкумина од починатите познати личности на кои им бил дијагностицирани рак на панкреасот. Во 2003 година, на Стив Џобс му бил дијаностициран еден вид на рак на панкреасот (невроендокрин тумор). Лучано Павароти, еден од најславните и најталентираните тенори на сите времиња, почина од рак на панкреас на 71-годишна возраст. Маестро Павароти водел долга и тешка борба против ракот на панкреасот.

Од оваа болест починаа и актерите Маринко Маџгаљ и Тихомир Арсиќ.

Симптомите на ракот на панкреасот често се незабележливи, лесно се занемаруваат, поради што оваа болест е наречена „тивок рак“.

Во раната фаза, болеста честопати нема забележителни симптоми. Како што напредува болеста, може да се појават овие симптоми:

– Намален апетит

– Неволно губење на тежината

– Промена на бојата на урината (бледа столица, темна урина)

– Болка во средно-горниот дел на стомакот и грбот (болката често се шири во појасот),

– Формирање на згрутчување на крвта

– Жолтица (пожолтување на кожата и белките на кожата)

– Депресија

– Постојан замор

Ризични фактори за настанување на карцином на панкреасот се:

– Прекумерна тежина
– Хроничен панкреатитис
– Дијабетес (ризикот најчесто се зголемува кај луѓето со дијабетес тип 2)
– Изложеност на индустриски хемикалии, како што се одредени пестициди и нафтени производи
– Семејна историја на панкреатитис или рак на панкреасот
– Одредени наследни состојби, како на пример, вклучувајќи ја и мутацијата на BRCA2 генот, синдром на наследен рак на дојка и на јајчници или синдром на семеен атипичен мултимолекуларен меланом (ФАМММ)
– Пушење
– Возраст (особено над 60 години)

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Галуп: Излезноста на претседателските избори во Бугарија до 9 часот е 3,5 отсто

Следно

Моравјецки: Можно е целосно затворање на границата со Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian