Нема ниту 1.000 следбеници на Твитер, но заигра против Арсенал

1 min read

Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата со убедливи 4:0 го декласира Арсенал, а менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп направи потег кој ги воодушеви фановите на „црвените“.

Германецот во 84 минута од натпреварот кога се беше решено, во игра го внесе Тајлер Мортон, млад 19 годишен фудбалер и тоа на местото на Тијаго Алкантара.

Клоп го прегрна младиот фудбалер кој за прв пат заигра за Ливерпул, пред да влезе во игра, му посака среќа, а Мортон му врати со голема борбеност во десетте поминати минути на теренот.

Интересно е што во Англија речиси никој и да не знае ништо за Мортон, доказ за тоа е дека младиот фудбалер има помалку од 1.000 следбеници, што е неверојатно за еден фудбалер за премиерлиугашки тим.
Мортон во јануари годинава потпиша долгогодишен договор со Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крај за Ѓоковиќ, Зверев си закажа финална пресметка со Медведев во финалето на завршниот мастерс

Следно

Сончево, но и студено време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian