Моравјецки: Можно е целосно затворање на границата со Белорусија

1 min read

 Полска не ја исклучува можноста за затворање на границата со Белорусија поради мигрантската криза, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки по средбата со естонската премиерка Каја Калас во Талин, пренесува Блумберг.

Размислуваме за чекори во однос на сè посериозни економски санкции, вклучително и затворање на полско-белоруската граница од страна на Полска, рече премиерот Моравјецки.

Во моментов Полска затвори само еден патен граничен премин – Кузница

Подготвени сме да го примениме овој чекор на ескалација, односно затворање на други премини, затворање на транзитните и трговските можности за да извршиме економски притисок врз режимот на Лукашенко, додаде тој.

Полскиот премиер се надева дека белоруските власти ќе ја решат кризата со испраќање на мигрантите дома.

Сакаме да му дадеме шанса на Лукашенко да направи чекор назад и да ги врати мигрантите во нивните земји на потекло. Прво го затворивме преминот во Кузница, додаде Моравјецки.

Тој вчера најави дека ќе одржи повеќе разговори во Европа за притисокот на мигрантите на границата на Европската унија со Белорусија.

Моравјецки посочи дека денеска ќе се состане со своите колеги од ЕУ, Литванија, Летонија и Естонија, кои исто така беа погодени од мигрантскиот притисок во последните месеци, но во помала мера.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од што почина Мерима Његомир: Истата болест однесе многу славни личности, а ова се симптомите

Следно

Бочварски: Град Скопје да размисли за одлуката за БРТ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian