Хамилтон доминираше во Катар, Алонсо на подиум после седум години

1 min read

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, триумфираше на првата трка за Големата награда на Катар во историјата, што се возеше како 20 трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион на патеката „Лосаил“ стигна до седмата победа сезонава, а вкупно 102 во кариерата откако водеше од стартот до крајот.

Второто место го освои Макс Ферстапен во болидот на „Ред Бул“, а неговото заостанување во однос на Британецот беше околу 25 секунди. На на подиумот се најде и возачот на „Алпин“, Фернандо Алонсо.

Благодарение на триумфот, Хамилтон ја намали разликата во однос на Ферстапен во генералниот пласман на осум бода, а до крајот на сезоната останаа уште две трки.

Првата од нив ќе се вози на 5 декември за Големата награда на Саудиска Арабија, а една недела подоцна е закажано големото финале во Абу Даби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Причина за обидот за убиство на јавниот обвинител од Гостиварско била недоразбирање во сообраќај

Следно

Со овие фенг шуи тајни загарантирано ќе ви „цвета“ љубовта во спалната соба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian