Германски новинар уапсен во Хрватска, им помагал на мигранти да ја преминат границата

1 min read

При илегалниот влез од БиХ во Хрватска, хрватската полиција во близина на Цетинград открила осум странци, меѓу кои и германски новинар (44) кому потоа му се судело за нелегален влез и криумчарење луѓе, но судот го казни само за нелегален влез во Хрватска, соопшти денеска полициското одделение Карловац.

Одделот за прекршоци на Општинскиот суд во Карловац го осудил на парична казна од 3.600 куни за нелегален влез, но не го прифатил вториот дел од полициското обвинение кое го обвинува за помагање на мигрантите илегално да ја минат границата.

Најавено е дека граничната полициска станица Цетинград ќе поднесе жалба на ослободителниот дел од одлуката на судот во законскиот рок, објави Индекс.хр.

Во полициското соопштение се наведува дека со кривичната истрага е утврдено дека германскиот државјанин им помагал на други странци при илегално преминување, со што ги прекршил Законот за странци, Законот за надзор на државната граница и Кодексот за шенгенските граници.

Не се наведува од кои земји дошле седумтемината илегални мигранти со кои беше пронајден германскиот новинар во близина на Цетинград, туку само дека сите рекле дека имаат намера да поднесат барање за меѓународна заштита до Хрватска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шест лица повредени откако божиќни украси паднале од таванот во трговски центар во Швајцарија

Следно

Гурмански викенд: Чоколадна пита со авокадо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian