Галуп: Излезноста на претседателските избори во Бугарија до 9 часот е 3,5 отсто

1 min read

Излезноста во Бугарија до 9 часот е 3,5 отсто, што е малку пониска од истиот период во првиот круг, изјави за БНР извршниот директор на Галуп интернешнал Балкан, Парван Симеонов.

Во првиот круг од претседателските избори во Бугарија, кои се одржаа заедно со предвремените парламентарни избори на 14 ноември, во 9 часот излезноста беше за 0,5 отсто повисока, односно четири проценти.

Како што пишува БТВ, според Симеонов тоа е логично, бидејќи вообичаено во вториот круг излезноста е помала. Тој даде пример како, споредено со вториот круг на претседателските избори во 2016 година, излезноста била дури двојно помала.

Социологот коментира дека е малку веројатна промена на гласањето меѓу првиот и вториот круг на претседателските избори во Бугарија. Она што е поинтересно, според него, ќе биде како ќе се групираат гласачите на партиите од првиот круг и како ќе гласаат сега.

Симеонов вели дека „оваа година Бугарија е многу интересна и е учебник за политичките процеси и јавното мислење”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Брутален „дабл-дабл“ на Јанис, Вашингтон славеше во дербито на Истокот

Следно

Од што почина Мерима Његомир: Истата болест однесе многу славни личности, а ова се симптомите

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian