ФОТО+ВИДЕО | Куќа на стравот и ужасот: Родители ги тепале децата додека не прокрвават и ги оковале со синџири

7 mins read

Џордан Турпин побегнала од куќата на „стравот и ужасот“ на нејзиното семејство, каде што таа и нејзините 12 браќа и сестри биле малтретирани и држени во заробеништво, а сѐ било откриено во досега невидените снимки од полициските камери, пренесува „Сан“.

Џордан имала само 17 години кога побегнала од семејната куќа во Перис, Калифорнија и повикала полиција да пријави дека нејзините родители Дејвид и Луиз Турпин со години насилно ги злоставувале и изгладнувале своите 13 деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RadarOnline (@radaronline)

Џордан, кој сега има 21 година, побегнала од куќата низ прозорецот во јануари 2018 година и му рекла на полицискиот оператор: „Моите две мали сестри во моментот се врзани со синџири“.

Во специјален извештај на Еј-би-си за семејството, снимката од камерата првпат беше објавена во моментот кога полицијата првпат пристигна на местото на настанот и ја затекна испаниченатаа Џордан како стои покрај патот.

„Штотуку побегнав од куќата во која живеам во 15-члено семејство. Моите две мали сестри во моментот се врзани со синџири“, било првото нешто што тогаш 17-годишната девојка му го рекла на шерифот.

На прашањето каде се оковани нејзините браќа и сестри, таа му рекла на полицаецот – „на креветот“.

„Мама не ги врзуваше само за да биде злобна. Тие беа врзани со синџири затоа што ѝ ја украдоа храната“, додала таа тогаш.

Џордан потоа му се извинувала на полицаецот што „зборувала премногу“ и тврдела дека „никогаш не разговарала со никого таму“.

„Никогаш не сум била сама со некоја личност, па ми е многу тешко да зборувам за тоа“, додава девојката која ја доживеала најголемата траума во животот.

Тинејџерката го продолжува разговорот кажувајќи му на полицаецот дека нејзините родители не се свесни дека таа излегла од дома, борејќи се за здив и за зборови.

Забележувајќи ја нејзината вознемирена состојба, полицаецот прашал дали во моментов зема некакви лекови.

„Што се лекови?“, зачудено одговорила Џордан.

Кога полицаецот ја преформулирал реченицата, прашувајќи ја дали зема апчиња, Џордан одговорила: „Не. Мислам дека никогаш претходно не сум пиела таблети“.

„Нашите родители нè злоставуваат, нè малтретираат“, рекло преплашеното девојче.

Џордан потоа ѝ покажала на полицијата фотографии од нејзините браќа и сестри врзани со синџири, кои тајно ги снимила пред да побегне низ прозорецот.
„Немам докази за сѐ, но имам доказ дека моите сестри се врзани со синџири“, рекла тогаш таа.
„Можете да ги погледнете овде. Гледате? Тоа се местата каде што ги прават“, додала Џордан, навидум не знаејќи го зборот модринки.
„И гледате колку е валкана? Ние сме толку валкани. Не се капеме”, додала таа плачејќи.
„Беа врзани со синџири поради кражба на храна. Но, ја украдоа затоа што беа гладни“.

Претходно објавената снимка го покажува моментот кога полицијата влегла во семејната куќа Турпин пред да ги 12-те браќа и сестри на Џордан, кои во тоа време имале меѓу две и 29 години.

Полицијата пронашла две деца во синџири врзани за креветот, како што опишала Џордан, и пронашла синџир што виси на нешто што личело на кревет на спрат.

Меѓутоа, оковите беа само врвот на ледениот брег во децениското злоставување и тортура во куќата на Турпин.

Инспекторите подоцна откриле дека децата често биле тепани од нивните злобни родители сѐ додека не прокрвават, дозволувајќи им да јадат само еднаш дневно и да се тушираат само еднаш годишно.

Овој монструозен пар, кој ја цитирал Библијата за да ги оправда честите тепања, оставил некои деца врзани со месеци.
Децата живееле од сендвич со салама и путер од кикиритки, додека нивните родители пред нив јаделе храна „за носење“.

Децата можеле да зборуваат само во ретки ситуации кога и нивните родители разговарале, а им било забрането и да се дружат.

Кога полицијата влегла во куќата, поверувала дека сите деца се помлади од 18 години бидејќи изгледале неухрането и гласот им бил многу тенок и младешки. Меѓутоа, седум од тринаесетте деца тогаш имале повеќе 18 години.

Дејвид, тогаш 57, и Луиз, 50, биле уапсени, а подоцна осудени на доживотен затвор за ужасно малтретирање и затворање на сопствените деца.

Тие се изјасниле за виновни по 14 точки, вклучувајќи суровост кон возрасна личност, суровост кон деца, тортура, мачење и бесправно затворање.

Сите браќа и сестри Турпин поминале недели во болница пред да бидат сместени во два различни згрижувачки домови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sally Slueth (@breakingnews2022)

Размислувајќи за своето херојство пред речиси четири години, Џордан рекла дека иако била ужасната, знаела дека мора да направи нешто за да ги спаси животите на нејзините браќа и сестри.

„Рацете ми се тресеа“, низ солзи раскажала во моментот кога се обидела да повика полиција. „Но, се обидов да се смирам за на крајот да го направам тоа и конечно го притиснав копчето. И кога се јавија… Буквално никогаш не сум зборувала со некого на телефон. И почнав да зборувам за тоа како не одевме на училиште, живеевме во нечистотијата, како гладуваме и сите тие работи“, изјави оваа девојка со огромно срце и огромна храброст.

„Морав да се уверам дека ако заминеме, нема да се вратиме таму и дека ќе ја добиеме потребната помош. Затоа што, ако се вратев, немаше сега да седам тука“, рекла таа.

На крајот, Џордан зборувала за тоа колку ѝ значат малите нешта и слободата што никогаш ја немала, а сето тоа се привилегии кои луѓето често ги земаат здраво за готово.

„Толку сум благодарна што само шетам еден час со мојата музика. Мислам дека овие мали нешта се работи кои луѓето ги земаат здраво за готово“, изјавила на крајот емотивниот Џордан.

Таа со своето херојство ги спасила своите браќа и сестри, а денес тие живеат живот достоен за човек, далеку од монструозните родители.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Потресна репортажа од ковид болница во Сплит

Следно

Пронајдени 600 мигранти во два камиони во Мексико

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian