ФОТО | 234 години старо писмо од Катарина Велика вели: „Одбивањето вакцинација е дивјаштво“

4 mins read

Реткото писмо од руската царица Катарина Велика, во кое таа ги поттикнува своите поданици да се вакцинираат против сипаници, беше изложено во петокот во Москва, пишува „Москватајм“.

Во исто време, два века подоцна, руските власти се борат да го убедат населението да се вакцинира против ковид-19.

Во писмото до грофот Пјотр Румјанцев на 20 април 1787 година, Катарина Велика им дала детални упатства на властите на просторот на денешна Украина како да организираат кампања за вакцинација.

Аукциската куќа „Мекдугалс“, која е специјализирана за руска уметнички дела, во петокот во Москва го изложила портретот на царицата и писмото пред да ги продаде на аукција во Лондон на 1 декември. Проценетата вредност на писмото и портретот заедно е 1,2 милиони фунти.

„Една од најважните (задачи) треба да биде воведувањето вакцинација против сипаници, кои, како што знаеме, нанесуваат големо зло, особено кај обичните луѓе“, му напишала Катарина Велика на грофот Румјанцев, тогашниот управител на Мала Русија, односно денешна Украина.

„Таквата вакцинација треба да биде сѐприсутна“, напишала таа со кириличен красопис потпишувајќи се со големи букви.

 

Во писмото Катарина детално опишала како да се направат вакцините широко достапни. Наредува и болните привремено да се сместат во манастири ако се разболат по вакцинацијата.

„Со оглед на денешната ситуација, треба да бидеме многу горди на Катарина“, изјавила за новинарите ко-менаџерката на аукциската куќа и експертка за руска уметност, Екатерина Мекдугал.

Царицата организирала речиси незамислива промотивна кампања со цел да ги поттикне своите поданици да се вакцинираат против големи сипаници, кои потоа го десеткувале населението низ Европа.

„Но, таа не вовела задолжителна вакцинација бидејќи била многу интелигентна. Знаела дека рускиот народ ќе се побуни против тоа“, објаснила Мекдугал.

„Писмото на Катарина е „уникатно“, особено ако се земе предвид ситуацијата во која сите се наоѓаме“, рекол историчарот Олег Хромов, додавајќи дека е „чудо“ што писмото е зачувано.

Царицата, која како и многумина се плашела од смртта од сипаници, донела лекар од Англија да ја вакцинира против таа заразна болест.

Хромов рекол дека лекарите изолирале примерок од вирусот од заразено дете, а потоа го инјектирале во Катарина. На детето подоцна му била доделена благородна титула.

Катарина потоа накраткосе разболела, а штом закрепнала, царските власти издале проглас и објавиле дека царицата се чувствува добро и ги повикале другите да го следат нејзиниот пример.

И покрај нејзините напори да ги разувери, „луѓето биле исплашени“, вакцината била нешто ново и необично, рекол Хромов.

Кога францускиот крал Луј XV во 1774 година умрел од сипаница, Катарина наводно рекла дека е „варварско“ да се умре од таа болест во просветениот 18 век.

„Се надевам дека еден ден, можеби во блиска иднина, ќе можеме да кажеме: „Какво варварство е да се умре од ковид во 21. век“, рекла Мекдугал.

Катарина Велика била на тронот од 1762 до 1796 година, што ја прави најдолговечната руска владетелка во историјата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев по изборниот ден: Бугарија излегува од стагнација и автократија, на пат е кон слобода

Следно

ВИДЕО| Протестот против корона мерките во Брисел се претвори во улична војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian