Едноставно најдобар: Девет нереални рекорди на Ѓоковиќ во 2021 година

4 mins read

Новак Ѓоковиќ беше најдобар тенисер во светот оваа година, а тоа многу јасно го покажуваат бројките..

Српскиот ас вчера доживеа елиминација во полуфиналето на Завршниот мастерс во Торино од Александар Зверев. Со овој настап во италијанскиот град Ѓоковиќ го заврши индивидуалниот дел од сезоната, а сега ќе се подготвува со репрезентацијата за „Дејвис купот“.

Во феноменалната сезона во која освои три грен слема запиша дури девет нови рекорди. Иако се ближа кон својата 35 година од животот, тој и натаму е неприкосновен владетел на светскиот тенис.

1. НАЈМНОГУ ОСВОЕНИ ГРЕН СЛЕМ ТИТУЛИ – Се израмни со Рожер Федерер и Рафаел Надал со по 20 грен слем титули. Имаше шанса да избие сам на врвот, но Ѓоковиќ загуби од Данил Медведев на „УС Опен“. Ќе има цела следна сезона да проба да се најде на првото место.

2. НАЈМНОГУ НЕДЕЛИ НА ПРВОТО МЕСТО НА АТП ЛИСТАТА – Многумина сметаа дека рекордот на Федерер не може да се урне. Швајцарецот беше 310 недели на АТП врвот, престигнат е од Ѓоковиќ кој е 347 недели на врвот и се приближува кон легендарната Штефи Граф кој владееше 377 недели.

Новак Ѓоковиќ се наоѓа на добар пат да испише нови успешни страници во историјата на тенисот/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

3. СЕДМА ГОДИНА НА СВЕТСКИОТ ТЕНИСКИ ВРВ – Ни Федерер не успеа да го надмине овој рекорд на Пит Сампрас. Долги шест години завршени на врвот на АТП беше рекордот, но со победата во Париз Ѓоковиќ го престигна својот идол од младоста, за вкупно седма година на светскиот врв.

4. ГО ПРЕСТИГНА И РАФАЕЛ НАДАЛ – Не играше многу турнири годинава, воглавно се концентрираше на грен слемовите и Олимписките игри. Со триумфот во Париз Ѓоковиќ го престигна Надал кој застана на 36 мастерс титули, а Србинот сега има 37.

5. ДВОЕН СЛЕМ – Ѓоковиќ најмногу проблеми на грен слемовите имаше особено на „Ролан Гарос“. Со феноменален процент на победи во Париз, но едноставно Надал беше незапирлив. Го освои турнирот во Франција на спектакуларен начин. Прво го совлада Надал во полуфиналето, па се врати со 2:0 за Циципас во финалето. Тоа значи дека е единсвениот на светот кој по двапати го освојуваше секој грен слем.

Новак Ѓоковиќ со трофејот на грен слем турнирот „Вимблдон“/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

6. НАЈМНОГУ ТОП 10 ПОБЕДИ – Ѓоковиќ во текот на целата сезона имаше најтежок распоред, го чекаа врвни ривали, но тој ги победуваше. Уште еднаш во сезоната имаше најмногу Топ 10 победи на АТП турнирите и тоа продолжува да биде традиција.

7. НАЈМНОГУ И ВО ТОП 5 – Логично, славеше и против најмногу играчи кога се Топ 5 тенисерите во прашање. Во еден дел од сезоната беше и Надал, но воглавно се однесува на дуелите со помладите. Паѓаа Медведев, Зверев, Циципас, па во еден момент и Андреј Рубљов.

8. НАЈВОЗРАСЕН – Никогаш во историјата постар играч не ja завршил годината како прв во светот! Сега Ѓоковиќ има 34 години и во тој период од кариерата и животот сè уште успева да биде неверојатен. Ќе видиме, можеби овој рекорд ќе го подобри следната година?

9. ЗАПИША 27 ПОБЕДИ ГРЕН СЛЕН ПОБЕДИ ВО НИЗА – Неверојатно! Ѓоковиќ од почетокот на сезоната до финалето на „УС Опен“ не успеа да загуби ниту еден меч на Грен слем турнирите. Само Медведев го победи на крајот од сезоната, а ниту еден тенисер досега не успеал да запише 27 Грен слем победи во низа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СДСМ: Мицкоски повторно промовира проекти на наши градоначалници, ДКСК молчи

Следно

ВИДЕО | Најбогатото куче на светот ја продава својата вила за 31 милион долари, а тоа „тежи“ 688 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian