Дали делтата е последна „суперваријанта“ на короната?

8 mins read

Секоја недела група епидемиолози во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави дискутираат околу нанајновите индикации за нови видови на ковид-19 кои се појавуваат низ целиот свет.

„Тоа е како временската прогноза. Некогаш се зборуваше за гама вирус овде или алфа сој таму, а сега сето тоа е само делта“, изјави за Гардијан Вилијам Ханаџ, епидемиолог од Школата за јавно здравје на Харвард .

Откако беше првпат откриен во Индија во декември 2020 година, делта варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 стана толку сеприсутна што лесно може да се претпостави дека некогашната брза еволуција на вирусот е заменета со состојба на мирување.

Фото: covidmembrance.com

Според Светската здравствена организација, 99,5 отсто од сите геномски секвенци на Ковид-19 пријавени во јавните бази на податоци сега се однесуваат на видот делта.

Иако се појавуваат нови соеви, тие се речиси идентични со видот делта

Продолжуваат да се појавуваат нови соеви, како што е неодамнешниот AY сој. 4.2 или варијантата делта плус , за која научниците проценуваат дека е 10 до 15 отсто позаразна, иако сè уште нема прецизни податоци, тие се речиси идентични со видот делта, освен неколку помали мутации., кои епидемиолозите ги нарекуваат делта внуци.

делста сој
Фото: Profimedia

Но, причината зошто епидемиолозите сè уште ги скенираат базите на податоци како Панголин(Pangolin) и Некстраин ( Nextstrain) секоја недела е да се обидат да предвидат што би можело да следи по делта плус мутацијата . Дали делтата навистина е крајот на Ковид-19 или се наѕира нешто уште пострашно во иднина? Ова е прашање на кое никој не е сосема сигурен во одговорот.

Една од можностите е дека по првичните драматични скокови во неговата генетска секвенца, кои доведоа до алфа, а потоа и до делта, вирусот SARS-CoV-2 сега полека и стабилно ќе мутира и на крајот ќе се движи подалеку од дофатот на сегашните вакцини, но откако ќе поминат неколку години. Додека научниците се обидуваат да истакнат дека нивните предвидувања главно се засноваат на шпекулации, некои сметаат дека ова е најверојатниот исход.

Како се појавуваат „суперсоевите“?

Постојат неколку начини на кои може да се појави таков вид. Во втората половина на 2020 година, епидемиолозите почнаа да забележуваат знаци на загрижувачки феномен познат како вирусна рекомбинација, во која различни верзии на вирусот САРС-КоВ-2 разменија мутации и се споија за да формираат сосема нов вид.

Ексепртите сметаат дека рекомбинацијата останува еден од изворите на новата суперваријанта, особено во делови од светот каде што значителен дел од популацијата сè уште не е вакцинирана и вирусните соеви можат слободно да циркулираат.

„Сега, кога делтата во голема мера е клучен вирус, тоа стана помалку веројатно. Но, постојат доста региони во светото од кои не ги земаме примероците и не знаеме што се случува. Така што тоа е многу реална можноста за нови мутации“, сметаат медицинските експерти.

Друга можност е преку големи мутации, делтата да резултира со значително подобрена верзија

 „Иако последните варијанти се само верзии делта сој, вирусот има огромен потенцијал за иден развој. Може да се развијат посложени мутации, со истовремени мутации во повеќе од една позиција, што може да биде попроблематично“, вели Гидеон Шрајбер, професор по биомолекуларна науки на Институтот Вајцман. во Израел.

Во последниве недели, имаше загриженост дека употребата на нови антивирусни таблети, особено молнупиравир на Мерк, може да придонесе за активно поспешување на развојот на вирусот САРС-КоВ-2. Молнупиравир делува така што ја попречува способноста на вирусот да се реплицира, преплавувајќи го неговиот геном со мутации додека тој повеќе не може да се репродуцира. Некои виролози тврдат дека преживувањето на кој било од овие вирусни мутанти и неговото ширење теоретски би можело да поттикне раст на нови соеви.

делта сој
Делта варијанта / Фото: Profimedia

Други, пак, сметаат дека треба да се следи вирусот и да се алармира на време доколку тој стане отпорен на овој лек кој во момент важи за медикамент кој може да спаси човечки животи.

Како може да изгледа новата суперваријанта?

Епидемиолозите сега се обидуваат да моделираат како би можел да изгледа новата суперваријанта на вирусот . Досега, големите трансформации на вирусот помогнаа да се зголеми неговото пренесување. Експертите објаснуваат дека една од причините зошто видот делта имал такво влијание е тоа што расте исклучително брзо во човечките клетки, пред имунолошкиот систем да преземе акција. Како резултат на тоа, луѓето заразени со делта носат приближно 1.200 пати повеќе вирусни честички во носот во споредба со оригиналниот вид на вирусот SARS-CoV-2 и развиваат симптоми два до три дена порано.

САД вакцини /Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тоа е резултат на природна селекција. Постојано се создаваат различни копии на вирусот, но оние кои преживеале и станале подоминантни се оние кои се поспособни да заразат нови луѓе. Меѓутоа, во земји како Велика Британија , каде што процентот на невакцинирана популација се намалува, ова може да почне да се менува. Видовите кои можат да ги заобиколат антителата веројатно ќе станат подоминантни, што ќе ја направи следната суперваријанта многу поуспешна во избегнувањето барем на некои делови од имунолошкиот одговор.

„Видовите на вирусот кои на крајот преживуваат и стануваат доминантни варираат во зависност од тоа во која фаза на пандемијата се наоѓате. Досега, вирусот беше многу поважен ефективно да се пренесе на преостанатата група незаштитени луѓе. Но, се очекува ова да се смени “, изјавија медицински експерти за весникот „Гардијан“.

Иако ова може да звучи малку застрашувачки, не сите вести се лоши. Бидејќи вакцините против Ковид-19 се дизајнирани така да ја предводуваат еволуцијата на вирусот, епидемиолозите не очекуваат некоја нова суперваријанта која би ги направила постоечките вакцини бескорисни, па затоа е многу мала веројатноста евентуален нов мутиран вирус да доведе до некоја нова голема епидемија како што беше оваа во последните две години.

Вакцинирање во САД/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Дополнително, развиена е и втора генерација на вакцина против Ковид-19. Новавакс се надева дека ќе добие регулаторно одобрение за својата вакцина во следните неколку месеци, а многу видови вакцини се очекува да се појават на пазарот до 2023 година. Сите произведувачи преземаат чекори за борба против потенцијалните идни видови на вирусот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неделен хороскоп 22.-29. – ноември: Некои знаци ги очекуваат судбински средби, а други тешкотии на работа

Следно

Сениорите на собир, почеток на операцијата „квалификации за Светскиот куп 2023“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian