Бочварски: Град Скопје да размисли за одлуката за БРТ

2 mins read

Верувам дека Градот Скопје и новата локална власт ќе ја променат одлуката за запирање на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) после сознанијата кои ќе ги добијат за бенефитите од воведувањето на ваквиот превоз во Скопје, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Ова е проект кој е планиран неколку години и согласно одлуките во Град Скопје е поднесено барање во Владата за изнаоѓање средства за финансиска поддршка за што се завршени постапките и се обезбедени средства, а и во Собранието е поминато и одобрено задолжувањето со кредит од 70 милиони евра преку ЕБРД. Проектот е одлично оценет од меѓународните експерти дека со него се решава едно големо прашање. Затоа е добро да не се брза со таквите одлуки зашто носи многу бенефити, а и не видовме аргументи од другата страна зошто се запира проектот за брз автобуски превоз, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Доколку се донесе таква одлука, додаде, таа треба да биде поткрепена врз база на студии, анализи и експертски сознанија зашто сметаме дека Скопје го има надживеано традиционалниот сообраќај и му е потребен алтернативен транспорт за кој веќе се обезбедени средства и е распишана постапка за проектирање и градба.

Ова е проект на Градот Скопје но е финансиран од страна на државата и затоа очекувам во наредниот период да се донесат мудри одлуки. Апелирам да не се брза со одлуката, бидејќи е лесно да се набават нови автобуси, но кога ќе се стават во промет ќе направат дополнителен притисок на сообраќајот, потенцира Бочварски.

Бочварски: 91,7 отсто од средствата во Буџетот за 2022 година се наменети за капитални проекти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Моравјецки: Можно е целосно затворање на границата со Белорусија

Следно

Официјално: Солскјер ја напушти клупата на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian