Според германските медиуми, покрај Џошуа Кимих, во Баерн Минхен не се вакцинирани уште Серж Гнабри, Џамал Мусиала, Ерик Максим Чупо-Мотинг и Микаел Кјуизанс.
Баварскиот гигант одлучи да им ги намали платите на своите фудбалери, кои не се вакцинирани против коронавирус и поради тоа ќе бидат сместени во карантин.
Кимих во петокот заврши во карантин, откако беше во контакт со заразено лице, а до сега одбиваше да се вакцинира.
Кимих (26) минатиот вторник излезе од уште една изолација, откако беше во контакт со соиграчот Никлас Зиле, кој беше позитивен на ковид-19.
Стапката на заразеност во Германија оваа недела достигна рекордно ниво, а процентот на вакцинирани е под 70 проценти. Покраините Баварија и Саксонија, кои се меѓу најтешко погодените од новиот бран на коронавирус, во петокот објавија дека ги откажуваат сите божиќни саеми, како и дека воведуваат нови ограничувања.