Затвореник почина на скопските клиники

1 min read

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15:10 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово. 

Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Крајот на годината носи промени за сите хороскопски знаци: Што ве очекува?

Следно

Блинкен: САД загрижени поради руските активности на украинската граница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian