ВИДЕО: Моќен Ливерпул, покер голови во мрежата на Арсенал

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул остварија убедлив триумф во дербито на 12 коло во Премиер лигата од 4:0 против Арсенал.

„Топчиите“ беа рамноправен противник во првото полувреме кога имаа негатива од само еден гол, додека во вториот дел немаа сили да му конкурираат на поквалитетниот тим.

Домашните фудбалери тргнаа офанзивно уште од првата минута, имаа неколку шанси кои не ги искористија поради одличниот голман Ремсдејл.

Атмосферата на „Еннфилд“ ја кренаа менаџерите на двете екипи, Јирген Клоп и Микел Артета кои беа на работ на тепачка, но беа запрени од своите помошници.

Првиот гол падна во 39 минута, Александер-Арнолд одлично центрираше и го пронајде Садио Мане кој го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел, Диого Жота зголеми на 2:0, додека третиот гол беше дело на Мохамед Салах. Конечниот резултат го постави резервистот Минамино во финишот од натпреварот.
Со оваа победа, Ливепул барем до утре се искачи на второто место на табелата со 25 бода, четири помалку од лидерот Челси, а еден повеќе од Манчестер сити кого утре го чека пресметка со Евертон.
Арсенал со поразот на „Енфилд“ ја прекина серијата од три победи и остана на петтото место со 20 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден ги повика граѓаните на смиреност по ослободителната пресуда на Ритенхаус

Следно

ФОТО+ВИДЕО: Масовен протест во Загреб против ковид сертификатите и епидемиолошките мерки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian